Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе разговараат на маргините на самитот на Г20 во петок во Јапонија, пренесува дипломат на Кремљ.

Тоа ќе биде прва официјална средба на двајцата лидери по речиси една година. До средбата доаѓа во моменти на растечка напнатост во врска со Техеран. Трамп се закани со напади кон Иран, како одмазда откако Техеран ги обвини за напад на два нафтени танкери во Ормушкиот теснец, додека пак Иран собори американско беспилотно летало.

Техеран ги отфрла обвинувањата за нападите на танкерите и тврди дека американското беспилотно летало го нарушило иранскиот воздушен простор.

Дипломатот Јуриј Ушаков изјавил дека двајцата претседатели најверојатно ќе расправаат за стратешката стабилност и бројните регионални судири, вклучително и за Сирија, Венецуела и Иран. Вашингтон се уште не го потврдил датумот на средбата.