Претставници на делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа утрово во Сингапур со севернокорејски официјални лица, соопшти Белата куќа.

Американскиот амбасадор во Филипини и поранешен амбасадор во Јужна Кореја Сунг Ким ја предводи американската делегација на средбата во хотелот „Риц Карлтон”. На чело на севернокорејската делегација е заменикот-министер за надворешни работи Чу Сон-хуи.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пристигнаа вчера во Сингапур за историската средба, која се очекува со нескриен интерес на јавноста. Но пред утрешната средба, Трамп денеска ќе има средба со севернокорејскиот премиер Ли Хазен-ланг, со кого ќе има работен ручек.

Историската средба, на која првпат актуелен американски претседател ќе се состане со севернокорејски лидер, има за цел постигнување на договор за денуклеаризация на Северна Кореја во замена за олеснување на дипломатските и економските санкции против Пјонгјанг.