Спроведени повеќе рации во четири германски сојузни држави, во рамките на истрага за трговија со луѓе.

Локалната полиција соопшти дека околу 800 полицајци претресле 21 канцеларија и куќа во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Саксонија Анхалт. За време на рацијата, пронајдени се најмалку 35 илегални мигранати.

Во центарот на истрагата била банда Молдавци кои во Германија влегле користејќи лажни романски документи и таму работат нелегално.

Меѓу осомничените во Саксонија Анхалт имало и лица кои биле поврзани со ултрадесничарското движење Граѓани на Рајхот, соопшти полицијата.