Припадници на египетските безбедносни сили ликвидираа осомничен исламист, кој се подготвувал да изврши самоубиствен бомбашки напад во копстка црква северно од Каиро.

Како што соопштија египетски безбедносни извори, полицајците го ликвидирале напаѓачот кога се приближувал кон Богородичната црква во северното каирско предградие Шубра ал-Хелма.

По убиството на напаѓачот, експлодирал елекот со експлозивната направа што тој го носел на себе, без да предизвика жртви.

Последниве години исламистите извршија серија напади врз цркви во Египет. Кон крајот на 2016 година, 25 лица загина при напад врз главната катедрала во Каиро, а лани во април беа убиени 47 луѓе при напади врз две коптски цркви.

Одговорност за овие напади презеде џихадистичката грипа Исламска држава (ИД).