Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми.
Според извештаите, експлозивна направа е пронајдена под полициско возило кое обезбедувало митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт во Турција.
Бомбата, која била пронајдена само неколку минути пред почетокот на митингот, брзо била деактивирана.
Во тек е истрага за инцидентот.