Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон изјави денеска дека властите спречиле напад со рицин и експлозиви и уапсиле двајца браќа со потекло од Египет.

Колон прецизира дека француските власти следеле екстремистичка активност на социјални мрежи и откриле двајца млади мажи „кои се подготвувале“ да извршат напад со експлозиви или рицин.

Тој додаде дека мажите се со потекло од Египет, но не го соопшти нивното државјанство ниту кажа детали за тоа каде и кога биле уапсени.

Според него, тие се обучувале како да го прават отровот рицин.