Ненаселениот јапонски остров Есанбе Ханакита Коџима кој се наоѓа на 500 метри од селото Саруфутсу на вториот по големина остров Хокаидо, исчезна под брановите. Одвојувањето на мразот од Охотското Море и ветровите се главни причини за исчезнувањето на островот.

Локалното население беше предупредено дека е можно исчезнување, од страна на авторот Хирошо Шизу Сарафутсу, кој во септември го посети островот по повод пишувањето на неговата книгаСкриените острови на Јапонија“.

Островот Есанбе со надморска висина од 1,4 метри е предмет на спор меѓу Јапонија и Русија, откако беше ставен под контрола на Советскиот сојуз по завршувањето на војната на Пацификот.

Есанбе е еден од 158-те ненаселени острови кои во 2014 година добија имиња од Јапонската влада, со цел за проширување на ексклузивната економска зона. Јапонија има активни територијални спорови со соседите Русија, Јужна Кореја, Кина и со Тајван.