Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормутската Теснина и во Оманското Море, порача претседателот на Иран, Хасан Рохани, пренесе италијанската агенција АНСА.

Тој тоа го рекол по повод заплената на британскиот танкер од страна на иранската револуционерна гарда.

Велика Британија соопшти дека сака да оформи мисија под европско водство за надзор и заштита на бродовите во тоа подрачје.

– Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и со другите земји и никогаш нема да почне војна или некаков конфликт – изјави Рохани.

Рохани повика на дијалог и на регионална соработка.