Од почетокот на економската и политичка криза, од Венецуела побегнале четири милиони лица, предупреди денеска високиот комесаријат на ОН за бегалци и Организацијата за миграција, пренесува „Ројтерс“.

Нивниот број на крајот на 2015 година изнесуваше 700.000, а до средината на оваа година бројот на бегалци достигна четири милиони, наведоа агенциите на ОН во заедничкото соопштение.

Како што се истакнува, алармантните бројки укажуваат на итна потреба за поддршка на земјите што ги примиле, главно во Јужна Америка – Колумбија, Перу, Чиле, Еквадор, Бразил и Аргентина.