Во тек е спасувачка акција во која учествуваат десетина бродови, откако во текот на ноќта се преврте туристички брод кој бил закотвен, откако најверојатно во него удрил друг брод.

Во несреќата загинаа најмалку седум лица, а 21 лица се водат за исчезнати, откако во унгарскиот главен град Будимпешта се преврте туристички брод.

Потонатиот брод е пронајден во 2:30 часот кај мостот Маргарет. Целиот речен сообраќај во Будимпешта е запрен, а силните струи, како и ниските температури на водата, го отежнуваат пребарувањето по преживеаните.