Девет рудари се заробени во рускиот рудник Уралкали, поради пожар и чад, соопшти денеска компанијата која управува со рудникот.

Компанија соопшти дека е започната операција за спасување по инцидентот во рудникот во местото Соликамск, околу 1.500 километри североисточно од Москва.

Меѓутоа, од Службата за вонредни состојби изјавија дека спасувачите не можат да дојдат до рударите, поради висока температура и густ чад, како и дека немаат никаков контакт со нив.

Кога избувнал пожарот, во рудникот се наоѓале 17 лица, но осум успеале да излезат и се безбедни.

Пожарот избувна на длабочина од 340 метри за време на работа на бетонска облога.