Спасувачките екипи во полскиот град Јастржебје успеале да спасат уште еден рудар од седуммината што вчера беа затрупани откако земјотрес го погоди рудникот.

Уште четворица рудари се водат како исчезнати во јагленокопот во близина на полско-чешката граница. Над 200 спасувачи и рудари учествуваат во обидите да се пробијат нови тунели до копот во кој се наоѓала групата рудари кога се случил земјотресот. Спасувачките напори се одвиваат на длабочина од 900 метри и се отежнати поради големите количества метан.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера го посети местото на несреќата.