Шпанската крајбрежна стража денеска соопшти дека во Средоземно Море спасила над 440 мигранти од Северна Африка.

Припадници на Шпанската поморска служба за спасување вчера во близина на јужниот шпански брег пресретнале 15 мали чамци со кои се превезувале 447 мигранти.

Според податоци на Обединети нации само годинава починале речиси 300 мигранти кои се обиделе преку вода да стигнат од Африка до Шпанија, а над 1.600 загинале обидувајќи се да го поминат Средоземно Море.

Зголемен е бројот на мигранти кои пристигнуваат во Шпанија, поради што е отежната работата на јавните служби, а шпанската Влада се соочува со притисоци откако Италија одби да ги прима чамците со мигранти спасени на море.