Тајмингот и медотологијата на терористичкиот напад во Виена беа познати, откако негова цел беа цивилите, вечерта пред воведувањето на нови превентивни мерки во Австрија. Но, по шест години на убиства поттикнати од Исламска држава, минатонеделниот напад во кој четири лица ги загубија животите, а повеќе од 20 беа ранети, не се издвои според бруталноста, туку според неодговорната реакција и активноста на социјалните мрежи кои уследија, објавува Си-ен-ен.

Снимките од безбедносните камери на кои се забележува бруталното застрелување на маж, кои беа објавени во оригинална форма, покажаа комплетно занемарување на семејството на жртвата. Потоа се појави слична снимка од застрелан полицаец. Беше забележано и неточно известување за повеќемина напаѓачи и за заложничка криза во јапонски ресторан која не се случи. Тоа беше грозоморно и опасно, особено додека полицијата апелираше до корисниците на Твитер да не споделуваат фотографии од нападот.

А, сепак, ваквата ситуација претставува приказ на справувањето на Европа со тероризмот. Таа е дел од модерниот живот во поларизираниот свет каде што екстремизмот е поттикнат на Интернет, а пореметените умови бараат признание за она што е незамисливо за другите. Последната низа на терористички напади покрена прашања за нивно спречување.

Бројноста на радикалите кои во рок од 24 часа можат да преминат од симпатизери на Исламска држава до терористи, претставува голема закана.

 – Поддржувачите на идеологијата на Исламска држава бројат десетици илјади и мораме да ги пронајдеме оние кои во секој даден момент можат да се мобилизираат за напади. Некој да биде под надзор не е исто како и неговото приведување – предупреди неодамна Кен Меккалум, првиот човек на британската разузнавачка агенција МИ5.

Исламска држава се специјализираше за „евтини и лесни“ напади, какви што можеа да се забележат во Европа во изминатите три години. Тие активно промовираат идеи и техники на Интернет, пружајќи информации кои ќе останат на Интернет, а борбата со виртуелниот вирус е претстоен предизвик.

Сега, кога нападите се со помал обем, а со тоа и помал број на жртви, тие наидуваат и на слични одговори од властите. Треба да се истакне и дека полициската реакција е подобрена, со што нападите се спречени во рок од неколку минути. А истражителите бргу доаѓаат и до информациите. Додека се води расправата за засилување на контролите на радикалите и на социјалните мрежи, тоа можеби е и најдобриот одговор, се заклучува во анализата на американската телевизиска мрежа.