Нејзиното име не е многу познато надвор од Германија, ама Софи Шол е легендарна личност во својата родна земја затоа што е позната како студентката што му даваше отпор на Адолф Хитлер, цена што ја плати со својот живот. Нејзиниот отпор е раскажан во многу книги, филмови и театарски претстави.

Софи Шол е родена 1021 година. Татко ѝ бил градоначалник на Форхтенберг на југозападот од земјата, а Софи заедно со петте браќа и сестри пораснала во лутеранско домаќинство каде што христијанските вредности биле многу важни. Во времето кога била тинејџерка со земјата владеел Адолф Хитлер.

Софи и нејзиниот најстар брат Ханс ја поддржувале Националсоцијалистичката партија, во која биле и членови.

Нивниот татко бил ужаснат од тоа. Меѓутоа, семејството и пријателите почнале да имаат влијание врз нив.

Братот и сестрата, сепак, не успеале да се помират со ставовите на Третиот рајх, посебно со третманот на еврејските познаници и уметници, па почнале режимот да го набљудуваат со критички очи.

Во времето додека Хитлер ја окупирал Полска, тоа се претворило во отворен протест.

Софи одела по стапките на братот Ханс, кој студирал медицина на Универзитетот во Минхен, и двајцата имале исто друштво, опкружени со луѓе што ја сакаат уметноста, културата и филозофијата. Софи студирала уметност и биологија.

Живееле во диктатура и решиле да дадат отпор.

Групата „Бела ружа“ ја основал нејзиниот брат Ханс и првобитно имала само шест членови, а подоцна им се придружиле уште многу луѓе од сферата на културата.

Со поддршка на пријатели печателе и делеле летоци, повикувајќи ги граѓаните да пружат отпор на режимот.

Групата отпечатила вкупно шест летоци. Ханс и Софи на 18 февруари, 1943 година делеле од летоците на универзитетот.

Софи се качила на последниот спрат и оттаму фрлила многу летоци со цел да ги видат што повеќе студенти. Во тој миг ја фатил домарот и ја предал на Гестапо. Софи и нејзиниот брат биле сослушани, а потоа осудени на смрт. За неколку месеци сите членови на групата биле погубени.

– Колку убав сончев ден, а јас морам да одам. Каква врска има тоа што ќе умрам ако поради нас илјадници луѓе се разбудат – рекла на гилотината 21-годишната Софи.

Овие зборови и нејзината храброст и денес се слават во Германија, а многу училишта и патишта го носат нејзиното име.