Фон дер Лејен за инцидентот во Турција

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го осуди начинот на кој се однесуваа кон неа при нејзината посета на Турција, кога за неа немаше стол на средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, посочувајќи дека тоа се случило затоа што е жена.

– Не наоѓам никакво оправдување за тоа како се однесуваа кон мене. Ова се случи затоа што сум жена – рече фон дер Лејен во Европскиот парламент во дебатата за односите меѓу ЕУ и Турција, во која доминираше токму прашањето за т.н. „софагејт“.

На дискусијата присуствуваше и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој беше критикуван од многу европратеници дека не реагирал веднаш и со тоа не спречил понижување на претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лејен и Мишел ја посетија Турција на 6 април. За време на состанокот со турскиот претседател, Мишел седеше на стол веднаш до Ердоган, додека фон дер Лајен мораше да седи на кревет на страна, а спроти неа на друг кревет беше турскиот министер за надворешни работи.

Се покажа дека фон дер Лајен се третира како министер на Мишел.

„Хм“ – се слуша како вели фон дер Лајен на снимката кога сфати дека нема место за неа покрај Ердоган.

Инцидентот го доби името „софагејт“ во медиумите.

Фон дер Лајен посочи дека нема основа во европските договори за различен третман на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија.

„Дали тоа ќе се случеше ако бев во костум и вратоврска?“, праша фон дер Лејен.

– Се чувствував тажно, повредено, осамено, како жена и како Европејка. Не станува збор за протокол за седење, туку за самата суштина на она што сме, за вредностите за кои се залага Унијата. Тоа, исто така, покажува колку сме далеку од еднакво третирање на жените, секогаш и секаде. Јас сум првата жена претседател на Европската комисија. Очекував да ме третираат така за време на мојата посета на Турција, како претседателка на Комисијата, но не го направија тоа – рече фон дер Лајен, која беше видно лута.