Министрите за одбрана на НАТО денеска почнуваат дводневни преговори со претседателот на САД, Доналд Трамп, кој најави дека драстично ќе го намали бројот на американски војници стационирани во Германија.

Главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, бара начин како да ја намали важноста на најавата, кој влијае на две членки на aлијансата, но се чини дека тоа ја засени самата видеоконференција.

На дневен ред е стратегијата на НАТО за превенција, поради зголемување на руската флота со модерни нуклеарни проектили.
– Неколку членки на НАТО исто така најавија засилени вложувања – рекол Столтенберг.

Одбранбената алијанса, која ја чинат 30 членки, денеска исто така би требало да донесе оперативен план за случај на втор бран на коронавирус, како што дополни Столтенберг, да се обезбеди залихи од медицинска опрема и кризен фонд.

Трамп во понеделникот најави намалување на бројот на американски војници во Германија од 34.500 на 25.000, со што ги потврди претпоставувањата на медиумите. Тој го оправда својот чекор со замерките на сметка на Германија дека во полн обем не ги исполнува своите финансиски обврски кон НАТО.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во Варшава нагласи дека американските трупи во Германија не се стационирани првенствено за да ја штитат Германија, туку да им служат на интересите на останатите членки на НАТО.

– Присуството на американските војници во Германија не е важно само за безбедноста на Гeрманија туку и за безбедноста на САД, а и за Европа – рекол Мас.

Во Германија се наоѓаат некои од најважните воени бази на американската војска од кои координираат и водат воени акции на Блискиот и Среден Исток.

Според медиумите, Вашингтон најверојатно дел од војниците ќе премести и во Полска.