Американскиот милијардер и либерален активист Џорџ Сорос е загрижен за ЕУ, за кинескиот народ, но и за намерите на претседателот на САД, Доналд Трамп.

На прашање на „Индепендент“, со оглед на тоа дека видел многу кризи, може ли пандемијата на ковид-19 да се спореди со некои од нив, тој одговори негативно.

– Не, ова е криза на мојот живот. Дури и пред ударот на пандемијата сфатив дека сме во револуционерен момент кога дури и невозможното во нормални времиња стана не само можно, туку и веројатно целосно неопходно – рекол Сорос, додавајќи дека тогаш сфатил дека ковид-19 во целост ги пореметил животите на луѓето и бара навистина поинакво однесување.

Тој оценил дека е загрозен опстанокот на нашата цивилизација. Со оглед дека низ историјата имавме неколку пандемии, Сорос рекол дека е неверојатно како некои земји биле неподготвени за пандемијата.

– Дури и кога ќе се направи вакцината, ќе мораме да ја менуваме секоја година, затоа што најверојатно вирусот ќе се менува. Тоа го правиме со вакцината за грип секоја година – вели милијардерот.

Според него, никој не знае како ќе се прилагоди капитализмот.

– Кризата може да ги зближи луѓето на долги патеки. Моментално луѓето ги води стравот. И стравот ги тера луѓето да си наштетат себе си. Тоа е вистина индивидуа, но и институција, нација и самото човештво – објаснува тој.

Тоа што Кина и САД меѓусебно се обвинуваат, според Сорос ги комплицира работите, бидејќи, како што вели, би требало заедно да работиме на климатските промени и развојот на вакцината.

– Изгледа дека не можеме да соработуваме, зошто веќе постои натпревар кој прв ќе ја развие и користи вакцината. Факт е дека имаме два различни системи на владеење, демократски и автократски. Многу луѓе велат дека треба да соработуваме со Кина, но јас не сум за тоа. Мораме да го заштитиме нашето демократско отворено општество. Истовремено, мораме да најдеме начин за соработка за борба против климатските промени и коронавирусот. Тоа нема да биде лесно – додава Сорос.

На констатацијата на „Индепендент“ дека ни претседателот Трамп не се однесува многу репрезентативно во поглед на слободното и отворено општество, Сорос вели дека тоа е слабост за која се надева дека нема да трае долго.

– Доналд Трамп би сакал да биде диктатор. Но не може бидејќи луѓето го почитуваат Уставот на САД и тоа ќе го спречи да преземе одредени работи. Тоа не значи дека нема да се обиде, зошто тој всушност се бори за својот живот. Исто така би рекол дека се надевам дека Трамп ќе се уништи себе си и дека ги надминал моите очекувања – порача Сорос.

Тој особено е загрижен за ЕУ, зошто е некомплетна унија и натаму во процес да биде направена и никогаш довршена и поради тоа е посебно ранлива.