Борис Џонсон стана премиер на Велика Британија во турбулентни времиња во Ормутскиот Tеснец, откако Иран заплени британски танкер и постои опасност ситуацијата да ескалира меѓу Вашингтон и Техеран. Но, кризата во Теснецот претставува и можност за новиот британски министер да соработува со Доналд Трамп со цел да се смири ситуацијата и да се зајакне меѓуатланските односи со Иран, пренесува „Гардијан“.

По заплената на британскиот танкер и по најновите санкции наметнати од САД во мај, Иран изврши напад врз најмалку четири танкери, како и врз саудискиот гасовод и неколку американски објекти во Ирак.

Минатиот месец, САД и Иран избегнаа воен судир откако Иран собори еденамерикански дрон. Овој чекор го натера Трамп првично да одобри воен напад врз Иран, но набрзо ја повлече наредбата и воениот напад беше заменет со кибер-напади и дополнителни економски санкции.

Иранските лидери првично бараа економски олеснувања од Европа околу нуклеарниот договор, но европските компании го напуштаа договорот поради стравување од санкции кои се постојано наметнувани од САД. По повлекувањето на САД од договорот, Иран се служат со секое можно средство што им е на располагање со цел да го задржат влијанието во Теснецот.

– Затоа, Велика Британија и САД треба да постапуваат внимателно во врска со запленетиот британски танкер, последниот во низа инциденти. Но, имајќи ја наклонетоста на Трамп, Џонсон е добро позициониран за да соработува со Вашингтон и да се обиде да ја врати безбедноста во Заливот – сметаат до „Гардијан“

Истовремено, Џонсон треба да се обиде и да ја обнови дипломатијата помеѓу Британија и Иран. Сепак, очекувањата треба да бидат скромни поради тоа што нема поволни услови за нов сеопфатен договор кој ќе ги задоволи сите барања на Вашингтон.

Процесот на преговори може да биде искористен и за решавањето на конкретни прашања, како што е неправедното приведување на странски државјани во Иран, како и сеопшто градење на безбедноста и довербата во Заливот.

Алтернативата би била бескрајни немири во најважниот економски коридор во светот и задржување на контролата и вмешаноста на САД во иранската економија, нешто што не е поволно за ниедна од засегнатите страни.