Сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер, Вичаи Шриваданапраба се наоѓал во хеликоптерот што синоќа се урна веднаш по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ непосредно по натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Хем, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од семејството на тајландскиот милијардер.

За Шриваданапраба вообичаена пракса била да доаѓа и да си оди од натпреварите на неговиот клуб со хеликоптер.

Според очевидци иако хелкоптерот без проблеми полетал, леталото набргу потоа почнало да паѓа и при ударот на земјата веднаш се запалило.

Врз основа на првичните информации хеликоптерот имал проблеми со задниот мотор.

Властите најавија дека денеска ќе соопштат детални податоци за инцидентот и за бројот на преживеани и загинати.