„Фондацијата Трамп“ се согласи да се самораспушти и ќе биде под судски надзор, е резултатот од постигнатиот договор меѓу организацијата и судските власти.

Договорот доаѓа откако државната обвинителка на сојузната држава Њујорк, Барбара Андервуд, во јуни го обвини Трамп и неговите три деца дека фондацијата ја користеле за стекнување приватна и политичка корист.

Таа соопшти дека ќе го надгледува распределувањето на парите кои останаа во касата на Фондација, но истакна дека случајот против Трамп не е готов, јави Би-Би-Си.

Ова е само еден од вкупно седум правни процеси кои се водат против Трамп.

Во соопштението од обвинителката Андервуд се наведува дека „постојат шокантни обрасци на нелегални активностиу на Фондацијата Трамп, кои вклучуваат нелегална координација на претседателката кампања на Трамп, противправно стекнување корист преку користење на позицијата и слично“.

Затворањето на Фондацијата значи дека таа може да запре со работа само под надзор на државната обвинителка, а сопственоста на фондацијата „може да биде распоредена само на угледни организации, кои ќе ги одреди обвинителството, појасни Андервуд.

Таа уште потенцира дека Фондацијата на Доналд Трамп и нејзините директори мора да одговараат за кршење на државните и федералните закони. ссм/