Вкупно 12 лица загинаа, а три други се повредени денеска при судир на камион и комбе во јужната италијанска област Фоџа, јави ДПА.

Италијанската полиција соопшти дека сите загинати биле странски државјани, кои со комбето се враќале од берба на домати.

Во полициското соопштение не е наведена националноста на загинатите.

Повредени се уште двајца патници од комбето, како и возачот на камионот, кои не се во животна опасност.

На земјоделските површини во Италија вообичаено за берба сезонски се ангажираат странци, кои најчесто работат на црно.