Сомнителни експлозивни направи испратени до Белата куќа, семејствата на Обама и на Клинтон.

Федералните власти ги испитуваат сомнителните пакети со експлозивни направи испратени до Белата куќа, до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон, соопшти Тајната служба. 

Сомнителен пакет испратен до Белата куќа бил пресретнат во објект надвор од локацијата. 

Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше пронајден рано денеска, и двата откриени за време на рутинската проверка на поштата. 

Белата куќа, во соопштение, ги осуди обидите за напади врз Обама и Клинтон. 

– Тие терористички дела се подли, и секој што е одговорен ќе се соочи со законот – рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс. 

За истрагата е задолжен ФБИ.