Советникот за Русија и Европа на американскиот претседател Доналд Трамп, Тим Морисон, поднесе оставка во пресрет на сведочењето пред американскиот Конгрес, пренесуваат американските медиуми.

Морисон „одлучил да се сврти кон други можности“ навел неименуван претставник на администрацијата.

Тој додал дека Морисон веќе некое време размислувал за напуштање на администрацијата. Морисон би требало денеска да сведочи во Претставничкиот дом на Конгресот, во врска со покренувањето импичмент за Трамп.

Тој е еден од функционерите кој бил присутен за време на телефонскиот разговор на Трамп со претседателот на Украина.