Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека неговиот главен економски советник Лари Кудлоу претрпел срцев удар.

Кудлоу директор на Националниот економски совет во Белата куќа е примен во болница во Вашингтон.

Трамп објави на Твитер за Кудлоу неколку минути пред почетокот на историската средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Кудлоу го придружуваше Трамп на средбата на Г-7 во Канада изминатиов викенд.