Џорџ Стивенс се качил на бродот Белфаст пред 75 години со цел да ги сними сојузничките сили во Втората светска војна додека се истоваруваат во Нормандија и го ослободуваат Париз, пренесува „Њујорк пост“.

Но, наградуваниот режисер, исто така, снимал во боја со неговиот 16-милиметарски фотоапарат со цел да направи свој личен видео запис од настаните кои се случувале.

Филмот, кој претставува уникатен увид за еден од најпознатите историски настани во светсаката историја, бил откриен од синот на Стивенс во 1980 година, пет години по смртта на филмскиот режисер.

-Ги имате видено црно-белите снимки, но снимките со боја се нешто друго. Даваат чувство како да се случиле во блиска иднина. Снимката дава многу модерно и автентично чувство – објаснува Џорџ Стивенс Џуниор.

Стивенс бил задолжен да ги сними движењата и борбите на американските трупи во Франција и остатоткот од Европа со неговата борбена филмска единица во Втората светска војна.

-Првото нешто што го забележав е како мојот татко, на 37-годишна возраст се наоѓа на брод, а утрото беше со силни бранови и сиво небо. Тогаш сфатив дека се работи за Денот Д, но снимката беше во боја – вели тој за снимката.

Џорџ Стивенс Џуниор, кој исто така е режисер, го има основано Американскиот филмски институт, а снимките од неговиот татко беа дел од документарниот филм „Џорџ Стивенс: Од Денот Д до Берлин“.