На социјалните мрежи се појави видео од местото на кое се криел и умрел лидерот на т.н. Исламска држава Абу Бакр ал Багдади, во операцијата спроведена од страна на американските сили.

На снимката се гледаат урнатини од бункер, остатоци од облека и душеци, и се верува дека тука се случила борбата.

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Ал Багади е мртов.
Трамп рече дека тестовите на ДНК спроведени по завршувањето на операцијата го потврдиле идентитетот на Багдади.

Тој се обидел да избега и дошол до крајот на тунелот.

– Го активираше појасот со експлозив и се уби себеси и три деца. По експлозијата дел од ѕидот на тунелот се урнал врз него – објави Трамп.

Американскиот претседател изјави дека неговата администрацијата размислува да објави видеоснимка од специјалната операција во Сирија во која е елиминиран лидерот на т.н. Исламска држава.

– Размислуваме за тоа. Би можеле да го направиме тоа. Можеме да објавиме одредени делови од операцијата – наведе Трамп.