Снежна лавина зафати група туристи во областа Мурманск, има повредени, објави регионалниот истражен комитет.

Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација наведува дека во групата има тринаесет деца.

– Пристигна информација дека под снежната маса во атарот на селото Имандра има и малолетничка. Туристичката група од Санкт Петербург се состои од 16 лица, од кои 13 се малолетни – се наведува во соопштението на Министерството.

Според податоците од официјалните служби, засега се бара едно дете.

Спасувачките единици веднаш излегле на местото на настанот. Меѓу нив има 53 лица и 18 единици опрема, вклучително и кинолози, потенцираат надлежните.

Инцидентот се случил на планините Хибин.

И инспекторите и вештаците по судска медицина излегоа на местото на настанот. Истражниот комитет спроведува истрага, информираат официјалните власти.