Најмалку 19 луѓе загинаа, а 32 се повредени во експлозија пред египетскиот Национален институт за канцер во центарот на Каиро, соопшти утрово египетското министерство за здравство.

Според информациите, до експлозијата дошло кога автомобил, кој возел во спротивна насока се судрил со три други возила, пренесе Ројтерс. Нема информации дали се работи за терористички напад.