Едно лице загина, а едно е повредено при оружен напад во центарот на Виена, соопштија австриските власти. Инцидентот се случил во ресторан. 

Полицијата е во потрага по напаѓачот. Претходно, властите соопштија дека две лица се повредени во нападот.

На местото на нападот веднаш пристигнале медицински екипи и припадници на антитерористичка единица на австриските безбедносни сили. Над центарот на градот прелетува полициски хеликоптер.

Поради оружениот напад зајакнати се полициските патроли, а повеќето улици се блокирани.