Либиски суд осуди 45 луѓе на смртна казна заради убиство на демонстранти за време на бунтот во 2011 година против Моамер Гадафи, соопшти Министерството за правда.

Тие беа осудени за отворање оган врз демонстрантите против Гадафи во главниот град Триполи во август 2011 година.

Уште 54 обвинети се осудени на пет години затвор, а 22 други се ослободени.

Протестите почнаа во февруари 2011 година, пред да се претворат во вооружен конфликт. Гадафи беше убиен во октомври 2011 година.