Министерството за правда на САД закажа пет егзекуции откако државниот обвинител повторно ја воспостави смртната казна во САД за затвореници во федералните затвори, по речиси две децении. Како што јавија амерканските медиуми, американската влада не егзекутирала затвореник од 2003 година.

– Конгресот ја одобри смтната казна преку закон кој го усвоија претставниците на народот во двата дома и кој го потпиша претседателот – рече државниот обвинител, Вилијам Бар.

Тој додаде дека Министерството за правда го поддржува владеењето на правото.

На смртна казна се осудени 62 федерални затвореници, вклучувајќи го и Џохар Карнајев, кој ја подметна бомбата на маратонот во Бостон во 2013 година.

Министерството за правда соопшти дека за декември оваа и јануари следната година се закажани пет погубувања на затвореници кои се осудени за свирепи убиства и сексуални злосторства. Сите пет казни ќе бидат извршени со смртоносна инјекција со фенобарбитал.

Прв ќе биде погубен Датин Ли Хонкен кој убил пет луѓе. Егзекуцијата е закажана за 9 декември оваа година.

Триесет американски држави во моментов дозволуваат смртна казна, но во четири од нив гувернерите издадоа мораториуми. Дваесет држави ја укинаа. Њу Хемпшир е последна сојузна држава која ја укина смртната казна.