Најмалку 15 лица загинаа откако казахстански авион со 98 патници се урна непосредно по полетувањето, рано утринава. Барем 66 патници се повредени од кои 50 веќе се во болница.

Авионот на компанијата „Бек ер“ ја загубил височината по полетувањето од меѓународниот аеродром во Алмати и ја пробил бетонската ограда, пред да се удри во двокатна зграда. Светските медиуми наведуваат дека во непосредна близина на аеродромот имало густа магла. 

Бизнисменот Аслан Назаралиев, кој ја преживеал несреќата изјавил дека авионот почнал да се тресе две минути по полетувањето, а друга преживена патничка кажала оти слушнала „узаснувачки звук“ пред авионот да почне да паѓа.

– Почнавме да паѓаме, но не вертикално, туку под одреден агол. Се чинеше дека авионот ја загуби контролата – кажа Назарлиев.

Засега не е позната причината за падот на авионот, додека „Бек ер“ се уште не ја
коментираше несреќата. Во меѓувреме, суспендирани се сите летови на авионот „Фокер 100“.