Техеран тврди дека дронот на САД е соборен во ирански води, а Вашингтон во меѓународни води

Кон крајот на минатата недела, во регионот на Персискиот Залив се случија важни случувања, кои му го привлекоа вниманието на целиот свет. Во четвртокот наутро, беспилотното летало на Америка познато како „ем-кју-4Ц тритон“, кое патролирало и шпионирало во близината на Ормутскиот Теснец, го наруши воздушниот интегритет на Иран и беше соборено од страна на противвоздушната единица на Сепах Пасдаран (Иранска револуционерна гарда, н.з.). Веднаш потоа, првата работа што им го привлече вниманието на воените експерти, особено во САД, беше високиот одбранбен потенцијал на Иран во лоцирањето и соборувањето на едно од најсофистицираните беспилотни воени летала за шпионажа и тоа во голема височина, а со тоа и храброста на Сепах за бескомпромисна одбрана на територијалниот интегритет на Иран.

Владата во Вашингтон претендираше дека „тритонот“ бил соборен во меѓународни води, но политичко-воените власти на Иран со презентирање на мапите на регионот, објавија дека инцидентот се случил во близината на „Ридот Мубарак“, 22 километри на територијата на Иран. Претставништвото на Иран во ОН преку писмо испратено до генералниот секретар и претседателот на Советот за безбедност на ОН ги предочи географските спецификации на локацијата и објави дека „пред инцидентот, леталото го нарушило територијалниот интегритет на земјата во позиција на ’целосна скриеност’, не одговарајќи на радиопредупредувањата. Врз таа основа, соборувањето на беспилотното летало од страна на Иран е одбранбен чин и во согласност со членот 51 од Повелбата на Обединетите нации“.

Соборувањето на авионот за шпионажа ги збуни Белата куќа и Конгресот. Претседателот Доналд Трамп овој чин на Иран го нарече „голема грешка“ и јавно се закани со одмазда против Техеран. Во понатамошното објаснување тој откри дека екстремното крило на неговата влада, лица како Џон Болтон, кои и порано барале соборување на системот на Исламска Република Иран преку воена сила, го убедиле во петокот наутро да нападне на три точки внатре во територијата на Иран, но во последните мигови ја повлекол наредбата. Политичките и воени експерти и аналитичари се во потрага по причините за менувањето на овој став, но не го прифатија образложението на Трамп дека тоа го направил за да се спречи убивањето на 150 Иранци.

Случувањата од четвртокот и петокот од минатата недела американската администрација ја доведоа во лоша положба и предизвикаа големи критики за лошото работење за американската администрација внатре и надвор од земјата. Во некои земји се објавија и разни карикатури и смешни пораки, кои го исмеваа Трамп како немоќен. Властите во Вашингтон со објавување на веста за „кибернетички напад против ракетниот систем на Иран“ и „воведување нови санкции“ започнаа очајни обиди за поправка на изгубениот кредибилитет. Тие, пак, ги повторија неоснованите претензии за производство на атомско оружје против Иран, обвинение, кое изгледа дека веќе не поминува толку лесно во светот, дури и кај сојузниците на Америка, затоа што во нуклеарниот договор од 2015 година беа одредени точни и прецизни механизми за процена на нуклеарните активности на Иран, кои беа потврдени и во 15 официјални извештаи на Меѓународната агенција за атомска енергија. Од друга страна, и врховниот лидер на Исламската Република Иран, ајатолахот Хаменеи, во неколку наврати во минатото и пред одредено време го прогласи за „харам“ (забрането според исламот) производството на сите видови оружја за масовно уништување, меѓу кои и атомското оружје. Светот знае какво значење има во иранското верско општество една верска одредба на највисокиот политички водач на земјата. Можеби токму затоа американските власти се потпреа пак на „алатката санкции“ и објавија дека ќе воведат нови санкции против Иран. Но, треба да се спомене дека влијанието на ваквата политика е под голем прашалник. Иран досега им се спротивставувал на санкциите и во моментов со голема брзина се шири мислењето дека новите санкции нема да донесат нешто ново во тој правец.

Од друга страна, аргументите на Иран успеале да привлечат поголемо внимание во светот. Иранските власти го поставуваат прашањето зошто во услови кога Исламската Република Иран по неколкугодишни преговори го потпиша нуклеарниот договор и го испочитува докрај, што беше потврдено и од страна на меѓународните институции, во услови кога меѓународната заедница, а особено преостанатата страна на договорот, земјите како Германија, Британија, Франција, ЕУ, Кина и Русија ја истакнуваат потребата од зачувување на нуклеарниот договор и позитивниот импакт на овој договор врз регионот и светот, е потребно напуштањето на овој договор, прекршување на ветеното, воведување опширни санкции, внесување на Сепах Пасдаран во посебна листа, испраќање на носачот на авиони, шпионските летала и бомбардерите „б-52“ способни за лансирање атомско оружје, и дали заканите, нападите, агресијата и притисокот може да резултираат со нешто друго, освен со немири и тензии? Несомнено, Америка е причината за моменталната ситуација во регионот и не може со префрлување на вината, со политички и воени маневри и психолошка пропаганда да ја игра улогата на претендент.

САД веќе го зголемија военото присуство во регионот. Трамп минатата недела наредил напад врз Иран, па во последен миг се откажал

Амбасада на Исламска Република Иран во Скопје