Службеник во американската Амбасада во Москва денеска се обидел да влезе во аеродромот Шереметјево носејќи бомба со осигурувач во багажот, но без експлозив.

– Аеродромскиот персонал го скенирал багажот на службеникот во Амбасадата на САД и откриле предмет кој изгледал како бомба- изјавил за агенцијата Тас извор од руското Министерство за надворешни работи.

Потоа биле повикани техничари кои потврдиле дека е бомба со осигурувач но без експлозив, иако во телото на бомбата имало траги од експлозив.

Аеродромската полиција веднаш ја известила американската Амбасада за инцидентот.

– Очекуваме од Амбасадата да го објасни однесувањето на нејзиниот службеник- рекол истиот извор.

Службеникот изјавил дека си заминува од Русија затоа што му завршил мандатот во американската Амбасада и тврдел дека бомбата ја купил за своја лична колекција. Бомбата му била одземена, а тој заминал за Њујорк.