Единаесет слонови во присуство на дресери, пред големата палата во Бангкок му оддадоа почит на неодамна крунисаниот крал на Тајланд, Маха Ваџиралонгкорн.

Стотина чувари на слонови ја пееја кралската химна и клечеа со своите слонови.

Церемонијата е продолжение на вчерашната прослава, кога илјадници жители на Тајланд го поздравија кралот и неговото семејство кои мафтаа од балконите на големата палата.

Слоновите кои се од целата земја, на крајот на церемонијата трубеа и позираа за групна фотографија.