Словачка денеска најави дека ќе купи 14 борбени авиони Ф-16 од САД, со кои ќе ги замени руските летала МиГ-29.

Најавата на словачкото Министерство за одбрана доаѓа за време на самитот на НАТО во Брисел, каде американскиот претседател Доналд Трамп директно побара од сојуничките држави да ги зголемат одбранбените расходи до најмалку два проценти од нивниот бруто домашен производ.

Словачка имала понуда за борбени авиони и од Шведска, но се решила за американските, изјави министерот за одбрана Петер Гајдош.