Можеби тоа никому не му е потребно, но на почетокот на ноември, кога во целост ќе стапат во сила новите американски санкции кон Иран, односите меѓу САД и Кина ќе достигнат нова критична точка поради обидот на Вашингтон за целосно запирање на иранскиот извоз на нафта, оценува њујоршкиот економски магазин „Баронс“.

Иран сега дневно извезува по 1,7 милион барели нафта, од кои една четвртина завршуваат на пазарот во Кина. Токму затоа, Пекинг ќе стане центар на глобалниот отпор на унилатералните санкции на САД кон Иран, смета неделникот.   

Аналитачарот на нафтениот пазар Стивен Бренок оценува дека Кина нема да се согласи на почитување на американските санкции кон Иран.

– Не верувам дека Кина ќе попушти пред американските барања, имајќи ги предвид влошените односи меѓу двете земји, вели Бренок.

Според магазинот, во моментот се укажува дека веќе е поставена „нова сцена“ за голем трговски судир, но можно е и да не дојде до него, имајќи предвид дека и Кина и САД имаат причини да направат извесни отстапки – Пекинг со цел дополнително да не ги влоши тензичните билатрелни односи, а Вашингтон со цел да избеге нов раст на цената на нафтата на светските берзи. 

Нафта

„Баронс“ нагласува дека со наближувањето на 4 ноември, кога треба да стапат во сила дополните американски санкции кон Иран, расте неизвесноста на нафтениот пазар, кој и онака е нестабилен.

Сите големи купувачи на иранската нафта не сакаат да се најдат на американската „црна листа“ на прекршители на санкциите на САД кон Иран. Тоа пред се се однеусва на европските комапнии, кои не би сакале за ги загрозат своите бизнис интереси во САД, поради Иран. 

Меѓутоа, според соработникот на Центарот за нова американска безбедност, Питер Херел, за разлика од Европејците, Кина е во многу поповолна позиција кога станува збор за избегнувањето на американските санкции.

– Кина има голем број средни и мали рафинерии кои не се дирекно изложени на влијанието на САД, вели Херел, кој во време на Администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама беше задолжен за спроведување на санкциите кон Иран.

Консултантот на групацијата „Јуроејжа“ задолжен за Кина, Мајк Хирсон смета дека Кина сепак е подготевна да го намали увозот на иранска нафта преку големите компании, како што е Синопек, за да манифестира отстапки пред барањата на САД. 

– Најважно е двете страни да избегнат голем судир околу санкциите кон Иран, но тие можат да претставуваат потенцијална причина за конфликт, додава Хирсон. 

„Баронс“ оценува дека следните потези на американската Администрација во голма мерка ќе зависат од тоа дали Саудиска Арабија и остантите поризводители на нафта од Бликсиот Исток ќе донесат одлука за зголемување на дневното нафтено производство, на што инсистира Вашингтон, со цел да се надополни недостигот на пазарот од забраната за извоз на енергенсот од Иран и да се спречи раст на неговата цена.

Доналд Трамп нафта

Но, според аналитичарот на банката „Емиратс НДБ“, Едвард Бел по се изгледа дека на Ријад, кој е најголем нафтен производител во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) не му се брза со зголемување на квотите за дневно производство на енергенсот. 

– ОПЕК не сака да го зголеми дневното производство за 1,5 милиони барели и пазарот одново да биде преплавен со вишок на нафта, а од друга страна сака и да си го зачува образот, за да не изгледа дека им се покорува на Американците, додава Бел. 

Аналитичарката во компанита РАНД, Аријана Табатабај пак смеат дека цврстиот став на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран и Кина, веројатно нема да ги натераат двете земји да ги прифатат отстапките што тој ги бара.

– Иранските лидери за вкопуваат во својот став и се надеваат дека Трамп ќе го наследи некој „помек“. Тие се подготвени да почекаат да видат што ќе се случи во 2020 година, кога во САД ќе се одржат следните претседателски избори, смета Табатабај.

„Баронс“ проценува дека слична позиција би можеле да заземат и кинеските лидери, поради што би можело „една трговска војна во целиот нејзин обем да биде основно сценарио во светот во 2019 година“.