Држењето на лидерот Ким Јонг-ун по неговото пристигнување во Владивосток, Русија поттикна повеќе теории на заговор кои го поврзуваат со тајното движење на масоните во светот. Поточно, на една од фотографиите контроверзниот лидер на Северна Кореја дел од својата рака ја има сокриено во капутот, што според многумина е знак за припадност на висока масонска ложа.

Многумина љубители на теориите на заговор сега го поврзуваат Севернокореецот со масонството, кое се смета за најголемото тајно друштво во светот, во кое според „Британика“, во моментов членуваат помеѓу два и шест милиони луѓе, од кои голем дел се моќници.

Држењето на Ким јонг-ун, односно гестот наречен „скриена рака“, е забележан на многу фотографии кај политичари, глумци и познати личности, но и на многу уметнички слики на кои се насликани лидери од минатото. Самиот гест, според непотврдени информации, значи покажување верност кон масоните и припадност во групата.

Како Ким, претходно во историјата големи лидери како Наполеон, Џорџ Вашингтон, Карл Маркс, Џозеф Сталин, но и Моцарт во минатото се насликани или фотографирани како го покажуваат овој знак. Во поблиското минато, познати јавни личности како кралот на кралството СХС Александар Први Караѓорѓевиќ, Кемал Ататурк, Владимир Ленин, како и поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак, Колин Пауел, Силвио Берлускони, Барак Обама и многу други политичари и глумци. П.С.