Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија првпат дошле во контакт со нервниот агенс со кои беа затуени, на влезната врата на нивната куќа.

– На влезната врата на куќата на Скрипал идентификувавме најголема концентрација на нервиот агенс досега – се наведува во соопштението на Скотланд јард.

Ваквото најново откритие во истрагата за труењето на Скрипал и неговата ќерка се смета за особено значајно, затоа што полицијата првпат понуди какво било сознание за тоа каде се тие затруени.

Во меѓу време, внуката на Скрипал, Викторија Скрипал за Би-Би-Си изјави дека шансите дека нејзиниот чичко и братучетка ќе преживеат се многу мали.

– Има можеби само еден отсто надеж. Што и да им е дадено, тоа е нешто од што постојат мали шанси да се преживее – додаде Викторија Скрипал.

Скрипал и неговата 33-годишна ќерка се наоѓаат во критична состојба од 4 март, кога беа пронајдени во несвест на една клупа во англискиот град Салзбери.

За труењето на Сергеј и Јулија Скрипал, Велика Британија ја обвини Русија, што резултираше со дипломатска војна меѓу Москва и западните земји. Повеќе од 20 западни земји, решија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Лондон поради труењето на Скрипал.

Москав од своја страна негира каква и да било нејзина поврзаност со труењето ан Скрипал и неговата ќерка.