Камионска гума што пукнала при возење е причина за почеток на шумските пожари што опустошија огромните области на Калифорнија во текот на изминатите две недели, јави Си-Ен-Ен. 

На 23 јули, на пат во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион – нешто вообичаено во копнениот сообраќај, според телевизијата, и од искрите се запалува оган. 

Во пожарот што американските медиуми го нарекоа „Кар“, досега загинаа шест цивили и двајца пожарникари, уништени се 134.000 хектари (околу 542 квадратни километри), а пожарот се уште  беснее.

Експерти од пожарникарските служби прават мрачни прогнози и предупредуваат дека последиците од пожарот „Кар“ ќе ја чинат државата милијарди долари во следната деценија.