Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со шефот на египетската дипломатија, Самех Шукри, изрази загриженост за конфликтот во Либија.

Американските медиуми наведуваат дека Помпео и Шукри покрај за Либија, разговарале и за потребата САД и Египет заедно да се борат против Исламска држава и ограноците на терористичката мрежа Ал Каеда, како и за израелско-палестинскиот конфликт и кризите во Сирија и Јемен.

Египет, заедно со Обединетите Арапски Емирати ги поддржува меѓународно непризнаените сили на генералот Калиф Хафтер, чија либиска национална армија се обидува од меѓународнот признатата либиска Влада да ја преземе контролата врз Триполи.