Осум мажи се уапасени во германскиот град Фрајбург поради сексуално злоставување на 18-годишна девојка.

Според наводите на германската полиција, седум осомничени се сириски државјани, на возраст од 19 до 29 година, додека еден осомничен е Германец (25).

Германските медиуми јавија дека веројатно девојката се запознала со најмалку еден од осомничените во ноќен клуб. Постои сомениние дека и била ставена дрога во пијалакот.

Полицијата наведе дека успеала да го утврди идентитетот на неколкумина од осомничените врз основа на ДНК доказите.