Руските сили ја преминале реката Еуфрат во северна Сирија и стигнале до подрачјето надвор од градот Кобани, поддржани од исток од Сириските демократски сили предводени од Курдите.

Ова го соопшти организацијата Сириска опсерваторија со седиште во Лондон.

Руските трупи наводно се движеле кон север откако Сириските демократски сили потпишале договор со сириската влада за распоредување на армијата на претседателот Башар ал-Асад на границата поради турската воена операција.

Според „Ројтерс“, курдските сили сè уште не ја потврдиле оваа информација.