Сириската армија денеска соопшти дека освоиле неколку села источно од реката Еуфрат во источната провинција Деир ел Зор, кои беа под контрола на Сириските демократски сили.

Сириската новинска агенција САНА јави дека сириската армија освоила четири села и се приближува кон главниот град на истоимената провинција.

Сириските владини сили многу ретко преминуваат на источниот брег на Еуфрат.

Поголемиот дел од провинцијата Деир ел Зор беше под контрола на Исламска држава. Во изминатите години сириската армија ги ослободи областите западно од Еуфрат, додека борците на Сириските демократски сили, кои се поддржани од САД, ги презедоа областите источно од реката.