Јужна Кореја денеска предупредувачки пукаше кон руски „А-50“ воен авион кој влегол во нејзиниот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана на државата, пренесува Би-би-си.

Официјални лица изјавија дека авионот навлегол во воздушниот простор над островите Докдо/Такешима, кои се окупирани од Сеул, но исто така и од Јапонија.

Од јужнокорејското Министерство за одбрана велат дека биле испратени борбени авиони кои предупредувачки пукале во рускиот воен авион.

Уште неколку пати било пукано во рускиот авион кога тој се вратил неколку минути подоцна.

Ова е прв инцидент од ваков вид помеѓу Русија и Јужна Кореја.

Москва негира дека нејзиниот авион навлегол во воздушниот простор на Јужна Кореја, соопштувајќи дека авионот спроведувал планирана вежба над меѓународните води.