Силна бура ја погоди централна Европа – девојче загина во Словачка, а железничкиот сообраќај привремено е прекинат во северна Германија и затворени се две берлински зоолошки градини.

Словачката полиција објави дека 14-годишно девојче загинало кога врз неа паднало дрво во источниот дел на Братислава.

Според АП, тогаш биле повредени неколку други ученици, од кои едниот е тешко повреден. Точниот број на повредени не е откриен.

Во соседна Чешка речиси 30.000 домаќинства останале без електрична енергија, а урнатите дрвја ги блокирале патиштата и железничките пруги.

Во близина на Волфсбург, помеѓу Хановер и Берлин, брз воз налетал на дрво што паднало на шините, при што возачот е полесно повреден.

Две зоолошки градини беа затворени еден ден во Берлин и сите животни беа сместени во затворени простории.

Во близина на Дортмунд, во западна Германија, пожарникарите спасија овци оставени заробени во поплавено поле, пренесува АП.

Полето е под вода, која достигнла два метра, некои животни пцовисале, а речиси 200 се спасени.