Невремето Франсис ја погоди вчера Велика Британија, со ветер со брзина од 120 километри на час, а поради огромните количини дожд, улиците на јужен Лондон се целосно поплавени.

Возачите едвај се пробиваат во водата на улиците.
И за денеска е најавено невреме, а метеоролозите предупредуваат дека поради силниот ветер, би можело да има прекини на струјата. Најсилните удари се очекуваат на подрачјето на Англија и Велс, во планините и на крајбрежјето.

Издадено е и 30-часовно предупредување за обилни врнежи во подрачјето на Северна Ирска, централна Шкотска, северозападна Англија и Северен Велс. Се очекуваат да наврнат 90 мм повеќе од просекот.