Најмалку две лица загинаа, а повеќемина се повредени, поради невреме што го зафати поголемиот дел од САД. Поради невремето 500.000 луѓе останаа без електрична енергија, од Јужна Каролина до Мејн и Охајо.

Еден маж загинал откако дрво паднало врз неговото возило во Тенеси. Во предградие на Њујорк повредена е 19-годишна девојка кога врз неа паднало стебло, а уште едно лице е повредено при удар на торнадо во Пенсилванија.

Ударите на торнадото достигнувале меѓу 180 и 220 километри на час, потврди националната метеоролошка служба. Локалните власти соопштиле дека најмалку дваесетина куќи биле оштетени во невремето.