Германската покраина Баварија, посебно градот Минхен и околината, синоќа ги зафати силно невреме кое предизвика голема штета, а неколку лица се повредени. Во некои делови од покраината паѓал град со големина на тениско топче, а ветерот откорнал дрвја.

Градот искршил прозорци на автомобили и згради, а исто така нанел голема штета на фасадите на голем број куќи.

Во некои места силниот ветер откорнал дрвја, а едно дрво повредило седумгодишно момче и двајца мажи.

Невремето предизвикало и прекин на регионалниот железнички сообраќај, а во некои делови силниот дожд поплавил куќи и патишта.